3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа најиритачката Instagram промена е виновен Facebook, а работите најверојатно ќе се...

За најиритачката Instagram промена е виновен Facebook, а работите најверојатно ќе се влошат

Ако ви се чини дека Instagam има повеќе реклами од било кога, не грешите.

Facebook минатата година му нареди на Instagam да го удвои бројот на реклами во апликацијата, судејки според новиот извештај во магазинот The Information.

Извештајот нуди детален увид во многу начини на кои Facebook ја заостри својата контрола над Instagam во последните две години, вклучувајќи тука и план да му се промени името.

Но еден од најдобрите примери на оваа контрола е токму „наредбата“ Instagam да го зголеми бројот на реклами во својата апликација.

Полека се појавуваат се повеќе и повеќе извештаи за растечките тензии помеѓу двете компании, и се чини дека потезите на  Facebook се резултат на ситничавоста.

Компанијата наводно е загрижена поради тоа што еден ден Instagam би можел да го засени со својата популарност.

A тоа е проблем затоа што најголем дел од заработката на Facebook доаѓа од неговата главна апликација, а не од Instagam – барем засега.

И поради тоа сега сака да ја доближи заработката на Instagam до својата.

А поради тоа што Instagram има ограничен простор за рекламирање, засега Stories, Feed и Explore, многу се преплавени со нив.

Се чини дека работите сè уште се вртат околу рекламите, отколку за корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП