19 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.08.2019

Дневен хороскоп 23.08.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Нема потреба премногу да ја истакнувате вашата улога или да ги менувате поставените правила за бизнис соработката. Во финансиска смисла, избегнувајте ги ризичните комбинации кои може да ве оштетат многу повеќе од што е потребно. Ако ви е важно некои случувања да добијат вистинска мисла во разбирањето, протолкувајте ги во договор со блиските.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате добро претчувство, поради тоа вложувате огромна енергија и се подготвувате да прифатите одреден ризик во договор со соработниците. Пропратните компликации на патот до целта стануваат речиси неважни, кога ве очекуваат успешна признанија. Партнерот од вас очекува донесување на важни одлуки за двајцата.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сочувајте го вашето оптимистичко расположение, а и важно е да ги следите бизнис трендовите кои ќе ви овозможат поширока афирмација меѓу соработниците. Постојат идеи кои немаат практична вредност, но носат добра реклама и репутација. Ако сакате се да функционира на речиси беспрекорен начин, морате да имате добра волја и одредени манири.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некој во вас ја поттикнува креативната енергија и дополнителната мотивација во работата со која се занимавате. Околината има позитивна улога во создавањето на различни бизнис комбинации. Превземете иницијатива и поставете јасни цели. Во емотивна смисла имате добро претчувство и неодоливи сте за личноста која на вам ви се допаѓа.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Планот кој упорно се обидувате да го остварите во кругот на соработниците преставува најдобро решение. Немојте да ги затворате очите пред фактите и да ја игнорирате личноста која се обидува да ве насочи во позитивен правец. Доколку ви е важно да го разубавите вашиот однос со саканата личност, нема потреба да поставувате погрешни прашањеа и да создавате провокативни ситуации.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Новите ситуации на бизнис сцената ги доживувате премногу лично и поради тоа правите погрешна проценка. Внимателно слушајте тоа што ви го говорат блиските соработници, наместо работите и случувањата да ги проценувате врз основа на лични критериуми. Партнерот делува премногу мистериозно и задоволно. На вас е да ја дознаете вистинската причина за ненадејната промена и радост.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Eдно објаснување звучи неразумно и не ги задоволува вашите основни критериуми, па упорно се обидувате да остварите подобра позиција. Но, на бизнис сцената постојат различни критериуми при вреднувањето на способностите. Чувстувате психолошки притисок, имате впечаток дека партнерот внимателно го надгледува секој ваш потег.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Достоинството, големата гордост или моменталното лошо чувство за дипломатија нема да ви дозволат да успеете во расправата со соработниците. Се залагате за практично и праведно решение, но некој од соработниците има сокриени намери и се обидува да ви наметне свое влијание. Избегнувајте емотивна провокација. Препорачливо е да направите проверка на крвта.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Потребно е да одговорите на нечие прашање за бизнис-финансиската соработка. Нема потреба да тактизирате со работите кои ви се познати или да ги продолжувате ситуациите кои влијаат на ефикасноста во работењето. Често ги потиснувате чувствата со цел да го зачувате привидниот мир. Нервозата се забележува во секоја ваша постапка.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Со студена глава и од одредена дистанца внимателно анализирајте нечие однесување на бизнис сцената. Понекогаш ситуациите кои звучат убаво и примамливо, премногу се далеку од реалноста. Психолошката тензија која се повеќе се чувствува произлегува од емотивна слабост или неспособност.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате добар увид во новите бизнис случувања, но не можете секогаш сите сопирачки да ги држите во раце. Големите амбиции треба правилно да се дозираат. Постојат цели кои се држат во строга тајност. Пред саканата личност умеете да оставите голем впечаток кој одговара на вашите потреби. Се почесто имате кошмари при спиењето.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ситуацијата која за некого изгледа невозможна, за вас претставува можно и долготрајно решение, но за тоа не треба гласно да се говори. Понекогаш е нужно да се употреби некоја тајна формула, која ќе донесе среќа, добивка или емотивно задоволство. Потрудете се да ја израдувате саканата личност. Големиот гест на искрено внимание може да ја одушеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП