28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook News Tab: Вести од социјалните мрежи

Facebook News Tab: Вести од социјалните мрежи

Facebook одлучи уште еднаш да влезе во информативните води и да ја оживее идејата News Tab, па со таа цел ангажираше тим на новинари чија задача ќе биде да изберат содржини кои ќе можат да се читаат во овој дел.

News Tab делот треба да биде независен во рамките на Facebook апликацијата, а со тестирањето би требало да започне до крајот на 2019 година. Иако повеќето текстови ќе бидат избрани со употреба на алгоритми, за главните теми ќе биде одговорен тим од 10 новинари, а делот ќе биде издвоен од главниот News Tab. Оваа одлука дојде откако беше утврдено дека Trending Topics не ја исполнува својата задача и дека на корисниците честопати им нудеа приказни на кои им е истечен рокот. Алгоритмите во овој дел покрај тоа промовираа и лажни, непроверени вести, што беше една од причините Trending Topics делот да се укине во 2018 година.

Од компанијата тврдат дека News Tab е различна приказна, бидејќи Facebook ќе вработи луѓе со полно работно време, така што делот нема да се занимава со оние кои работат под договор и кои честопати не се доволно мотивирани. Покрај тоа, ќе биде издвоена и голема сума за оние медиуми чии што приказни се објавуваат, за кои, се тврди, би требало да гарантираат квалитетна и проверена информација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП