11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple до крајот на годинава ќе одлучи дали ќе користи BOE OLED...

Apple до крајот на годинава ќе одлучи дали ќе користи BOE OLED панел за iPhone во 2020 година

Според новиот извештај од Јапонија, Apple е во последна фаза на сертификација на OLED дисплеите на компанијата BOE за идните iPhone уреди. Флексибилниот дисплеј, наводно е подложен на агресивно тестирање што укажува на тоа дека Apple за прв пат може да користи вакви панели од Кина.

Компанијата наводно до крајот на годинава ќе донесе одлука дали да го користи BOE како снабдувач на OLED панели во 2020 година за iPhone модели од 2020 година. На овој потег Apple би можел да се одлучи за да биде помалку зависен од Samsung. Покрај тоа, некои извори тврдат дека BOE панелите се до 20 проценти поевтини од Samsung.

Во текот на март оваа година, BOE посочи дека има намера да обезбеди панели за Apple, што дополнително се засили во текот на изминатиот месец откако Јапонија и Јужна Кореја започнаа еден вид трговска војна, што би можело да ги наруши плановите на Samsung.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП