4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонците даваат 32 милиони за Тиаго Силва

Каталонците даваат 32 милиони за Тиаго Силва

tiago

Шпанскиот шампион Барселона ќе се обиде да го купи бразилскиот репрезентативец и дефанзивец на ПСЖ, Тиаго Силва.

Според каталонските медиуми шефовите на  тимот од „Ноу Камп“ ќе испратат официјална понуда во вредност од 32 милиони евра, која многу веројатно веднаш ќе биде одбиена од ПСЖ. Претставници на Барса веќе се сретнаа со агентот на Тиаго Силва и сметаат дека ваквиот предлог е реален.

Раководството ПСЖ минатото лето му плати на Милан 42 милиони евра за 28-годишниот дефанзивец. Можно е Барселона да ја зголеми својата понуда, доколку првичната биде одбиена. Агентот на Силва исто така преговара со ПСЖ да дозволат неговиот клиент да го напушти клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП