28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати сите двојки за четвртото квалификациско коло во ЛШ

Познати сите двојки за четвртото квалификациско коло во ЛШ

Во фудбалската Лига на шампиони синоќа се одиграа реваншите од третата квалификациска рунда по која се формираа двојките за 4.коло. Изненадувања се елиминациите на Порто и Селтик кои важеа за големи фаворити за пласман во елитата.

Селтик е елиминиран по домашниот пораз (3:4) од романски Клуж, додека Порто исто така на свој терен загуби (2:3) од Краснодар (Русија). Белградската Црвена ѕвезда во Данска се радуваше по изведување пенали. И тимот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, Динамо Загреб избори настап во следната фаза по гостински триумф кај Ференцварош (4:0).

Двојки за 4.коло:
Олимпијакос – Краснодар
ЛАСК – Бриж
АПОЕЛ – Ајакс
Јанг Бојс – Црвена ѕвезда
Клуж – Славија Прага
Динамо Загреб – Розенборг.

Натпреварите ќе се играат на 20 и на 27 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП