29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси го убедува Нејмар да не оди во Реал

Меси го убедува Нејмар да не оди во Реал

Капитенот и напаѓач на Барселона, Лионел Меси прави се што е можно за да го убеди Нејмар да се врати во каталонскиот клуб. Тој го повика Бразилецот и го замоли да ја одбие поповолна понуда на Реал Мадрид, пренесува „Марка“.

Реал се насочи кон Нејмар, откако не успеа со трансферот на фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба.

Се шпекулира дека враќањето на Нејмар во Барселона во овој трансфер прозорец е малку веројатно поради неподготвеноста на Каталонците да потрошат многу пари.

Нејмар се пресели во ПСЖ од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра. Тој не е среќен во Париз и сака да се врати во Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП