18 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.08.2019

Дневен хороскоп 13.08.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можни се важни средби со некои лица кои се подготвени да прифатат некоја голема работа. Можно е да станува збор за соработка со некој Рак. Не се двоумете во врска со одлуката која се однесува на соработката со некој друг Овен без оглед во какви односи сте. Недоволно сте подготвени да преминете преку некои коментари на ваша сметка.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вие не можете да се пожалите од тоа што ви го нуди животот во моментов. Денес ќе биде еден од оние убави денови во кој ќе се чувствувате одлично. Толку сте обземени сами со себе па нема ни да забележите дека парнерот ви е лут за некои постапки. Променете го односот, може сериозно да ја влошите состојбата.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Транзитот на Венера не ви одговара поради што нема да бидете остри и директни во работата со соработниците и оние кои во последно време не мислат како вас. Имате начин како да се договорите околу некое многу важно прашање со Девицата или Водолијата, мора само да ја примените вистинската тактика.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Поголем дел од енергијата која ја поседувате ќе ви ја донесе работата. Можеби ќе влезете во некоја нова работа или нова работна средина. Ќе ви биде овозможено да користите било каква погодност, туѓи пари, кредит и сл. Бидете штедливи и не влегувајте во нелегални комбинации.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес разговорите и вашите слободоумни идеи ќе ги оставите за попладневните часови. Попладнето ќе го поминете во друштво со соседите или со пријателите во некое кафуле. Внимавајте што зборувате. Можете да добиете коментар што ќе ве повреди.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат нови возбудувања можеби поврзани со некакво патување. Контактите со странство ви се позитивни. Ќе се двоумите околу покажувањата на чуствата, минатите искуства ви ги нарушуваат сегашните прилики. Некој пријател ќе ве поттикне да правите посмели чекори во животот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Барате разни начини да добиете финансиска слобода но ниеден не ви се чини доволно добар. Дури размислувате и да вложите поголема сума во игрите на среќа. За ваша среќа во моментов немате храброст за тоа. Внимавајте, периодот кој следи воопшто не е погоден за ризикување.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не му дозволувајте на никого да ве спречи во она што планирате да го направите или она што сте го планирале. Тоа веројатно се однесува на вашата кариера која во последо време стагнира. Некоја Вага ќе ве повика на предизвик, прифатете го бидејќи можете одлично да заработите од тоа.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете збунети и нема реално да гледате на работите. Вашиот занес кратко ќе трае бидејќи еден Бик ќе ве потсети што всушност значи реалноста. Не сте подготвени да одите до крај во плановите за кои мислите дека ќе ви донесат профит. Можна е средба со една Шкорпија, Лав или Јарец.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Немојте секој момент да го менувате расположението, тоа е неповолно за вас и за луѓето околу вас. Ќе имате прилика да се покажете во најдобро издание, а соработниците и колегите ќе ве пофалат за тоа. Ако сте склони кон консумирањето алкохол денес може да се појави сериозен здравствен проблем.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе размислувате и ќе разговарате за вашата иднина, но заклучокот нема да зависи од вас. Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговара, додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореалните кругови.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве мачи симпатијата кон една Водолија, но од нејзина страна не добивате никакви знаци. Не знаете дали и се допаѓате или само вам така ви се чини. Сето тоа ве деконцентрира. На работното место имате премногу натрупана работа но и голема одговорност. Олабавете се во друштво на семејството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП