23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G8X се појави на фотографии

LG G8X се појави на фотографии

Се појавија рендери за телефонот LG G8X, кои потсетуваат на LG G8 ThinQ со две битни разлики. На предната страна се наоѓа исечок во форма на капка, додека на задниот дел нема сензор за отпечаток на прст.

Ова сугерира дека LG G8X би можел да имплементира сензор за отпечаток поставен на екранот, што дополнително значи дека нема да постои ни функцијата LG Air Gestures.

LG G8X не делува како директен наследник на моделот LG G8 ThinQ, туку повеќе како телефон што ќе го опфати средниот сегмент на пазарот. Останува да се види дали телефонот ќе биде претставен за време на саемот IFA, како и дали LG планира нов модел од серијата V со кој јужнокорејската компанија ќе го покрие премиум сегментот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП