2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi планира телефон со камера од 108 мегапиксели

Xiaomi планира телефон со камера од 108 мегапиксели

Xiaomi најави дека во некои од своите идни модели на телефони ќе имплементира камера со резолуција од 108 MP. Тоа ќе биде ултра-јасен Samsung ISOCELL сензор со резолуција од 12.032 × 9,024 пиксели.

Оваа резолуција не ја нудат ни DSLR фотоапаратите, па се поставува прашањето дали можеби тие телефони може на некој начин да бидат замена и за овие уреди.

Ниту Xiaomi ниту Samsung не објавија детали за овој сензор. Засега знаеме дека сличен сензор на Samsung со резолуција 64MP треба да ги подобри перформансите во услови на слаба осветленост (во споредба со постојниот сензор од 48 MP), но тоа не значи дека истата аналогија може да се примени и на сензор од 108 MP.

Покрај тоа што е физички поголем, овој сензор ќе ја намали количината на светлина која паѓа на секој пиксел. Тоа значи дека најверојатно фотографиите направени на дневна светлина ќе бидат феноменални, додека во услови на слаба амбиентална светлина може да се очекува полош квалитет.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП