2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонски „Спорт“: Реал го нуди Модриќ + 120 милиони евра за Нејмар

Каталонски „Спорт“: Реал го нуди Модриќ + 120 милиони евра за Нејмар

Влијателниот каталонски „Спорт“ денеска објави информација дека Реал Мадрид сериозно се вклучи во борбата Бразилецот Нејмар да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Според пишувањата, „кралевите“ до ПСЖ испратиле понуда во која влегува трансфер на Лука Модриќ во Париз и плус 120 милиони евра. Засега нема реакција од францускиот фудбалски шампион.

Барселона и ПСЖ долго време преговараат околу можното враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“. Се појави информација и дека ПСЖ е подготвен да го испрати Нејмар на позајмица во каталонскиот клуб, но за возврат во Париз да дојде хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ.

Во таков случај, според неофицијалните информации, Барса на име трансфер би требало да додаде „само“ околу 60 милиони евра.

Останува да се види како ќе заврши сагата за Нејмар и кој од шпанските гиганти ќе излезе победник во целата ситуација. Секако останува интересно да се види дали еден од двајцата хрватски репрезентативци ќе се пресели во „градот на светлината“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП