20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТурците успеаа: Го претставуваат својот прв летечки автомобил

Турците успеаа: Го претставуваат својот прв летечки автомобил

Селџук Бајрактар, директор на турскиот производител на дронови ”Бајкар”, најави изработка на прототипот на летечки автомобил кој ќе биде прв проект од ваков вид во Турција.

Бајрактар изјави дека компанијата осум месеци работела на технички цртеж, дизајн, тестирање, детали и производство на прототипот.

Летечкиот автомобил Cezeri би требало да биде завршен во септември, а би можел да биде претставен на Технофест, најголемиот технолошки фестивал во Турција.

Автомобилот е наречен по познатиот инженер Ал-Јазари, кој живеел помеѓу 1136 и 1206 година.

Бајрактар исто така започна и анкета за да избере една од четирите бои на прототипот.

”Бајкар” е основана во 1984 година, a произведува вооружени и невооружени дронови, контролни системи, симулатори и авионски системи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП