Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Американската компанија Apple започна денес со издавање на сoпствена кредитна картичка Apple card, која ќе биде достапна за корисниците на iPhone.
Apple го објави лансирањето на картичката уште во март, во партнерство со американската инвестициска банка Goldman Sachs, објави американската агенција AP.
Ограничен број корисници на iPhone, кои претходно изразија интерес за картичката, ќе добијат денес меил од Apple, поканувајќи ги да аплицираат за добивање картичка преку апликацијата Wallet на нивниот iPhone. Процесот на одобрување на виртуелна картичка ќе трае неколку минути, а доколку барателот на пријавата биде одобрен, Apple card може да се користи веднаш, изјави денеска портпаролот на компанијата.
За испораката на физичките картички, изработени од титаниум, ќе биде потребно два до три дена, а картичката, како што е соопштено, засега е достапна само во САД.
Компанијата вети брза регистрација за добивање на картичката и елиминирање на повеќето такси, наведувајќи исто така, дека клиентите кои купуваат преку апликацијата за плаќање Apple Pay, добиваат враќање на средствата во готовина во висина од два проценти од вредноста на извршената трансакција.
Подготовката на чај и препарати базирани на чај се омилени во светот. Традицијата пропишува начин и време за консумирање чај, но пијте го кога и…
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека САД ја постигнале таканаречената прва фаза од трговскиот договор со Кина. Според неа, Вашингтон ќе се откаже…
Силниот ветер ги принуди организаторите да ја одложат, а потоа да ја пренесат машката трка за слалом од Светскиот куп на друга патека. Така конечното…
Министерството за финансии на САД ги укина санкциите кон три руски компании, се вели во документот објавен на веб страницата на Министерството. Од американскиот список…
Франција е најголем извозник на електрична енергија во Европа за 11 месеци оваа година, а Италија најголем увозник, покажа студијата за европски интерконекторски пазар. Студијата на…
Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни…
Во Македонија бројот на изградени станови месечно е колку во поголем број од европските земји за 12 месеци односно за цела година. Податоците од Меѓународниот…
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го сподели своето мислење за големата вест на англискиот фудбал вчера – обновување на договорот на Јирген Клоп со Ливерпул.…
Акција за чистење на 20 скопски локации во која ќе се вклучат вработените од јавниот сектор ќе се одржи денеска и на тој начин ќе…
Времето во Република Северна Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови,…