Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

Неделен хороскоп 05.08.2019 до 11.08.2019

Време: 07:24

Датум: август 5, 2019

Категорија: НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Неодлучно се однесувате кон некое лице кое се надева на нешто повеќе од вас. Доколку не планирате ништо посериозно искрено кажете го тоа, не е фер на некој да му го одземате времето.

РАБОТА: Колегите ви се на одмор, па вие се досадувате сами. Имате зголемен број на обврски и постојано сте во гужва. Оваа недела е поволен период за да ги докажете сите ваши квалитети.

ЗДРАВЈЕ: Добро, можни се скршеници, внимавајте.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Настапува тежок период исполнет со многубројни промени. Вашите чувства не се искрени, а тоа може скапо да ве чини. Доверете им се на најблиските и побарајте совет од нив.

РАБОТА: Период од кој ќе сакате да избегате, неповолно е да се истакнувате бидејќи можно е да платите и за туѓите грешки. Останете смирени.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Некои планови за иднината нема да доживеат остварување, а вие ќе бидете тажни од пропаѓањето на плановите. Тука е вашиот партнер за да ве утеши. Помирете се со настаните.

РАБОТА: Гужва, состаноци, проекти…. сето ова ќе ви создаде главоболка. Не им се лутете на колегите кои не се спретни колку вас. На крајот од неделата заслужено ќе заминете на одмор.

ЗДРАВЈЕ: Добро, смирете ги нервите.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Стабилен период без поголеми промени. Најдете начин како поинтересно да го поминете времето со партнерот, заминете негде на кратко патување. Нека не ве загрижува приватниот живот на блиските лица, сепак тие сами одлучуваат за него.

РАБОТА: Ќе се појават кавги во деловната околина, а на вас ви е најпаметно да не завземате страна. Не се обидувајте да бидете ниту во средина, па да ја браните едната па другата група, не делете правда, едноставно дистанцирајте се.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Вашите планови и замисли полека ќе започнат да се остваруваат. Ве очекува среќна недела која ќе биде исполнета и со солзи радосници. Уживајте во прекрасните мигови во семејството.

РАБОТА: Ќе бидете на заслужен одмор, барем повеќето од вас. Останатите ќе се обидат да се сокријат и да не се преокупираат со деловните настани. Издржете уште малку, следи поповолен период.

ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на проблеми со коските.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Фантастичен период во кој уживате во љубовта и вниманието кои ви ги дава партнерот. Заборавете на сите грижи и проблеми и релаксирајте се. Ова е поволен период и за зближување со некои членови од семејството.

РАБОТА: Земете си одмор бидејќи доволно долго и напорно работевте. Заборавете на обврските и деловните проекти и замолете ги колегите да ве заменат. Уживајте релаксирајки се на начин на кој вие сакате.

ЗДРАВЈЕ: Добро, не се изложувајте на сонце.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Во последниот период не се сложувате многу со партнерот, а ниту со блиските и смејството, а тоа можеби е така бидејќи сте си замислиле дека околината ве искористува. Смирете се и направете си искрен муабет сами со себе.

РАБОТА: На деловното поле не се чувствува некаков напредок, а тоа е така бидејќи вие воопшто не се трудите да ги промените работите. Примерот на некој пријател може да ве принуди да започнете повеќе да се залагате.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на тежината, исфрлете го вишокот килограми.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Убав и поволен период за напредок. Кроите некои планови кои ви иднина сосема поинаку ќе се остварат, но вие на тој начин им покажувате на блиските колку се грижите за нив.

РАБОТА: Ќе се случат некои промени кои можеби на почеток нема да бидат пријатни, но подоцна ќе сфатите дека неможело поинаку. Нека не ве разочарува бавниот развој на настаните, тој е посигурен.

ЗДРАВЈЕ: Чувајте се од бактериите и вирусите.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Нема да имате доволно разбирање за партнерот, а тоа ќе ги отежне нештата меѓу вас. Седнете и рамислете колку всушност не сте биле фер кон партнерот. Поправете ги постапките.

РАБОТА: Следи финансиско зајакнување кое ќе ве мотивира да дадете и повеќе од тоа што можете. Ќе работите максимално ангажирано и ниту една пречка нема да ја чувствувате како закана.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Период на промени во врска со чувствата и плановите. Нема да останете мирни доколку забележите дека некој ве искористува.

РАБОТА: Нема да имате желба да работите, а тоа ќе биде така поради лошото работно место на кое се наоѓате. Можеби тоа не толку лошо, но сепак вие така сметате.

ЗДРАВЈЕ: Внесуваjте повеќе витамини и минерали.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Период во кој нема да знаете на што сте. Не се залетувајте премногу, можно е некој да си поигрува со вашите чувства, па на крајот да бидете многу повредени.

РАБОТА: Постојано изнаоѓате начини како да манипулирате, односно некој трет да ја заврши вашата работа. Најдете мотивација која ќе ви помогне да го смените пристапот кон работните обврски.

ЗДРАВЈЕ: Добро, проверете ја крвната слика.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Оваа недела слободните претставници ќе запознаат личност од спротивниот пол која ќе има позитивно влијание на нив. Не се разочарувајте доколку не се сложувате во се, променете го вашиот пристап.

РАБОТА: На работното место ќе бидете критикувани за начинот на кој ги извршувате задачите, бидејќи речиси нема задача која не сте ја задоцниле. Не им се лутете на искрените колеги, научете нешто од нив.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со притисокот.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Неделен хороскоп 03.08.2020 до 09.08.2020

    Неделен хороскоп 03.08.2020 до 09.08.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Ги одложувате своите обврски со надеж дека ќе направите некоја отстапка. Ќе се појави некој проблем но ќе го…

  • Неделен хороскоп 27.07.2020 до 01.08.2020

    Неделен хороскоп 27.07.2020 до 01.08.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Можете да се радувате и да славите бидејќи ќе успеете да дојдете до значителен напредок на полето за финансии.…

  • Неделен хороскоп 20.07.2020 до 26.07.2020

    Неделен хороскоп 20.07.2020 до 26.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Посакувате да остварите напредок на полето на работата, но како некој од соработниците да ве кочи во тоа. ЉУБОВ: Кога…

  • Неделен хороскоп 13.07.2020 до 19.07.2020

    Неделен хороскоп 13.07.2020 до 19.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Можете да се потпрете на деловниот партнер кој ќе ви се понуди да ја обавува работата и за двајцата,…

  • Неделен хороскоп 06.07.2020 до 12.07.2020

    Неделен хороскоп 06.07.2020 до 12.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Доколку се бавите со приватна работа можете да очекувате ненадејно подобрување на овој план. ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта…

  • Неделен хороскоп 29.06.2020 до 04.07.2020

    Неделен хороскоп 29.06.2020 до 04.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Работната комуникација засега не ви е многу силна страна, како да не умеете на вистински начин да се изразите.…

  • Неделен хороскоп 22.06.2020 до 28.06.2020

    Неделен хороскоп 22.06.2020 до 28.06.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Резултатите ќе бидат малку помали од тоа што сте го очекувале, па ќе бидете разочарани. ЉУБОВ: Доколку сте слободни очекувајте…

  • Неделен хороскоп 15.06.2020 до 21.06.2020

    Неделен хороскоп 15.06.2020 до 21.06.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Доколку работите со партнер, ве очекуваат добри вести и поголема сума на пари. ЉУБОВ: На полето за љубов се оди…

  • Неделен хороскоп 08.06.2020 до 14.06.2020

    Неделен хороскоп 08.06.2020 до 14.06.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа, бидете внимателни од своите големи очекувања. ЉУБОВ: Во љубовта не би требало да имате…

  • Неделен хороскоп 01.06.2020 до 07.06.2020

    Неделен хороскоп 01.06.2020 до 07.06.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Доколку сте склопиле договор со некој, дури и усмен, треба да го почитувате. Така ќе ги зачувате добрите деловни…