21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти и Мурињо во битка за Матиќ

Анчелоти и Мурињо во битка за Матиќ

matic

Според пишувањата на португалските медиуми, Немања Матиќ е на мета на Челзи и Реал. Најновите информации велат дека Карло Анчелоти моментално е чекор поблиску од Жозе Мурињо, па поради тоа Матиќ најверојатно ќе заврши во редовите на тимот од Мадрид.

Италијанскиот стратег наводно и понудил на Бенфика 20 милиони евра плус Фабио Коентрао, а „кралевите“ би се откажале и од делот од заработката од следниот трансфер на Езекијел Гарај кој во 2011-та година од Реал замина во Бенфика.

Од друга страна, Мурињо очајнички сака да го врати Матиќ на „Стемфорд Бриџ“. Имено Матиќ беше член на Челзи од 2009-та до 2011-та година, но не успеа да си обезбеди место во првата екипа и во 2011-та година потпиша за Бенфика.

Во меѓувреме Бенфика и натаму чека некој да понуди 42 милиони евра, односно некој да ја активира неговата откупна клаузула.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП