2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБришењето на FaceApp апликацијата не ја заштитува приватноста на податоците

Бришењето на FaceApp апликацијата не ја заштитува приватноста на податоците

FaceApp стана вирално популарна апликација бидејќи им овозможува на корисниците да видат како ќе изгледаат во староста. Излегува дека ако сакате да ја користите оваа забавна програма, мора да дозволите пристап до вашите лични податоци за кои таа има право на користење.

”Ако ја избришете програмата, тоа едноставно значи дека не можете да ја користите, а не и дека сте ги заштитиле своите приватни податоци“, изјави за CNN, Џен Кинг, директорка на Центарот за приватност на корисниците на правниот факултет на универзитетот Стенфорд.

Таа додаде дека компанијата не знае дека сте ја избришале апликацијата и со самото тоа не е предупредена дека треба да ги избрише вашите податоци.

Некои компании, меѓу кои е и FaceApp, им дозволува на корисниците да достават барање за бришење на нивните информации од базата на податоци. Но, останува нејасно колку е потребно техничката служба да го регистрира вашето барање.

На пример, Facebook наведува дека се потребни деведесет дена системот да регистрира и да престане да ги користи вашите информации. Тој всушност не го поседува вашиот материјал (слики, снимки, итн.), но има право неограничено да ги користи.

Надлежните органи пропишуваат обврски на компаниите во врска со заштитата на податоците на корисниците. Законодавството на Европската унија донесено во мај 2018 година значително ги заостри критериумите за заштита на личните податоци.

Адвокатката Мелиса Бреке забележува дека политиката за приватност на FaceApp е генеричка, што остава дополнителен простор за загриженост. Дури и кога поднесувате барање за бришење податоци, честопати компанијата не е технички во можност да ги отстрани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП