7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗидан по катастрофата од Атлетико: Поразот боли, но не ме загрижува

Зидан по катастрофата од Атлетико: Поразот боли, но не ме загрижува

Реал Мадрид доживеа дебакл од Атлетико, во натпревар одигран во САД во рамките на Меѓунардониот Куп на шампионите. Иако се работи за подготвителен натпревар, поразот од 7-3 е нешто што никогаш не им се случило на „кралевите“ кога против себе ги имале градските ривали. „Не сум загрижен, иако ваков пораз боли“, рекол тренерот Зинедин Зидан по мечот.

Тренерот на Реал, со оглед на она што го покажаа неговите избраници не бил расположен за разговор со новинарите. Атлетико имаа 5-0 на полувреме и 7-1 во 85 минута. Двата гола што во финишот ги постигнаа Бензема и Санчез не го поправија впечатокот.

„Кога ќе почне сезоната работите ќе бидат поинакви и сигурно ќе бидеме мотивирани. Не се сомневам дека ќе имаме добра сезона. Денес не можеме да бидеме среќни, но сигурен сум дека имаме екипа која ќе им биде конкурент на сите тимови во светот“, рекол Зидан и дополнил:

„Она што се случи сега не ме загрижува, но ваков пораз боли. Се случи и не можеме да избегаме од тоа. Лошо влеговме во мечот, по девет минути губевме 2-0. Тешко ни беше да се вратиме и тие го искористија тоа. Немојте да си мислите дека играчите не се свесни што се случи, разочарани се, јас верувам во нив и знам дека нема да ме изневерат. Мораме да бидеме мирни, ова е само подготвителен натпревар“, рекол Зидан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП