28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch од 10 илјади долари: Едиција која траеше само две недели

Apple Watch од 10 илјади долари: Едиција која траеше само две недели

Откако компанијата Apple прв пат го лансираше Apple Watch, одлучено е да се поработи на луксузниот модел од 18-каратно злато, кој би чинел дури 10.000 илјади долари. Кога проектот конечно е реализиран се покажало дека нема да има значително влијание на приходот на компанијата, што влијаело на понатамошниот тек на настаните кога овој модел е во прашање.

Имено, според последните извештаи, продажбата застанала само по две недели од лансирањето, поради што компанијата одлучила да се откаже од златните модели, да се фокусира на керамиката која чини ,,само” илјада долари. Се чини дека ни продажбата на поевтиниот модел не се одвивала како што се очекувало, па во рамките на Apple Watch серијата 4 не се најавени лимитирани модели, што јасно укажува на крајот на овој експеримент на Apple. И покрај лошите проценки кога се луксузните модели во прашање, Apple Watch е на врвот на листата на паметни часовници, па во моментов е еден од најбараните модели кога овие уреди се во прашање.

За популарноста придонеле и различни приказни кои зборуваат за корисничките искуства, како оние во кои Apple Watch е херој кој го спаси животот на својот сопственик, благодарение на тоа што има вграден монитор за следење на отчукувањата на срцето и електрокардиограм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП