4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако со помош на вашиот телефон секогаш да знаете каде сте го...

Како со помош на вашиот телефон секогаш да знаете каде сте го паркирале автомобилот

Секој возач најмалку еднаш неделно, ако не и почесто, се случува да заборави каде го паркирал автомобилот. А за да не потрошите драгоценото време шетајќи по паркингот, ви претставуваме едноставен начин секогаш да знаете каде е вашиот автомобил.

Едноставно, користете ја Google Maps апликацијата која доаѓа со секој Android оперативен систем.

Чекор 1

Кога ќе пронајдете совршено место за паркирање, отворете Google Maps за да ја видите вашата моментална локација – сината точка.

Чекор 2

Допрете ја сината точка, а во опциите кои ќе се појават одберете Save your parking. На овој начин ќе ја означите вашата моментална локација и местото каде автомобилот е паркиран.

Чекор 3

Уште еднаш проверете дали сте го обележале точното место на автомобилот со зумирање на мапата.

Чекор 4

Google Maps апликацијата ќе испрати порака во известувањата на вашиот телефон, а со нејзиното отворање брзо ќе го лоцирате вашиот паркинг простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП