3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПовеќе iPhone сопственици преоѓаат на Android телефони, отколку обратно

Повеќе iPhone сопственици преоѓаат на Android телефони, отколку обратно

Според истражувањето кое го спроведе BankMyCell, компанија која посредува во продажба и купување на мобилни телефони, многу повеќе сопственици на iPhone преоѓаат на Android телефони, отколку што Android корисниците преоѓаат на iPhone.

До овој заклучок дошле со анализа на повеќе од 38.000 корисници на нивната веб-страница. Се покажало дека во јуни оваа година 18,1 проценти од сопствениците на iPhone го смениле нивниот телефон за некој од Android моделите на телефони. Ако го гледаме само iPhone X, дури 26 проценти од корисниците се префрлиле на Android.

Според ова истражување, највисоко ниво на лојалност кон Android го покажале сопствениците на Samsung телефони. Само 7,7 проценти од Galaxy S9 преминале на iPhone, додека дури 92,3 проценти останале на Android OS.

Претходно во текот на оваа недела, консултантската компанија Kantar, објавила дека во вториот квартал од оваа година продажбата на iOS уредите изнесува 36 проценти од вкупната продажба во САД, што е пад од 2,4 проценти во однос на истиот квартал минатата година. Продажбата на Android телефоните во текот на истиот период е зголемена за 2,5 проценти (вкупно 61 процент).

Истовремено, Gartner објави дека продажбата на телефони на глобално ниво е во најголем пад од кога тие се на пазарот и дека се очекува дека оваа година ќе бидат продадени 68 милиони телефони помалку од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП