
Тотенхем испратил понуда за напаѓачот на Валенсија, Роберто Солдадо во вредност од 17 милиони фунти.


Тотенхем испратил понуда за напаѓачот на Валенсија, Роберто Солдадо во вредност од 17 милиони фунти.
28-годишниот Солдадо има договор до 2017-та година со шпанскиот тим и неговата откупна клаузула изнесува 27 милиони фунти. Финансиските проблеми на Валенсија сепак може да го принуди раководството на „лилјаците“ да го продадат својот најдобар голгетер и за многу помала сума.
Иако не настапи многу за време на натпреварите од Купот на Конфедерации, Солдадо е дел од шпанскиот национален тим и многумина споменуваат дека тој веќе си има резервирано место и за догодина, за време на Мундијалот.
Менаџерот на Тотенхем Андре Вила-Боаш бара двајца напаѓачи во летниот преоден рок. Тој веќе и понуди 10 милиони фунти на Барселона за Давид Вилја.
Друг играч кон кој се насочил Вила-Боаш е бразилецот Леандро Дамиао од Интернасионал.