6 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоповски: Сејдини направи нешто што на никого не му успеа, ПМФЛ да...

Поповски: Сејдини направи нешто што на никого не му успеа, ПМФЛ да се гледа пред 15 милионски аудиториум

Првиот човек на ФК Работнички, Драган Поповски смета дека договорт на ФФМ со Аренаспорт и МТВ за емитување на директни преноси од Првата фудбалска лига а поддржан од здружението на прволигашите е најпозитивниот настан за македонскиот фудбал во изминатава декада.

Поповски потенцира дека најзаслужен за реализација на овој голем проект е претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини .

„Сејдини направи голема работа, досега ова не му успеа на никого, тој вети и исполни, ПМФЛ да се гледа на територија со над 15 милиони гледачи шурум поранешна Југославија преку Аренаспорт и дома со посредство на МТВ. Ова е голема работа за македонскиот фудбал, Сејдини ги исполни очекувањата на прволигашите“ – изјави Поповски за Дриблинг.мк.

Овој договор има повеќе позитивни аспекти, вели Поповски, клубоите се ослободени од котизација и овие средства кои не се мали ќе ги насочат кон вложување во младинските категории. ПМФЛ ќе има голема промоција, играчите ќе имаат повеќе мотиви бидејќи ќе ги следат огромен број на гледачи но и скаути, тоа ќе овозможи повеќе трансфери, ова е бенефит за сите.

„Се надевам дека со овој проект и судењето ќе се подобри, ќе биде на повисоко ниво, тоа ќе донесе поголем квалитет, секако сите клубови треба да размислат и да ги подобрат условите за преноси, сега ќе не гледаат милиони гледачи“ – додава Поповски за дриблинг.мк.

ФФМ склучи договор со регионалниот канал Аренаспорт но и МТВ за домашните натпревари од ПМФЛ за прв пат во историјата на македонскиот фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП