24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовата Instagram промена која инфлуенцерите не ја сакаат сега пристигнува во 6...

Новата Instagram промена која инфлуенцерите не ја сакаат сега пристигнува во 6 нови земји

Се чини дека Instagram е задоволен од резултатите од тестирањето.

Пред неколку месеци Instagram почна да ја тестира промената во дизајнот, која повеќе нема да ги прикажува “лајковите” на објавите.

Лицето кое ја поставило фотографијата може да види колку “лајкови” има, но тоа не би можеле да го видат другите луѓе.

И додека Instagram не коментираше како напредуваат тестовите, се чини дека се се одвива добро затоа што планира да ги прошири во шест нови земји.

На самиот почеток, промената е тестирана во Канада, а од денес ќе се прошири и на корисници во овие земји:

– Ирска

– Италија

– Јапонија

– Бразил

– Австралија

– Нов Зеланд

Новата функција има смисла, но дефинитивно нема да им се допадне на сите.

Со други зборови, многумина нема да можат повеќе јавно да се пофалат со бројот на допаѓања бидејќи нема да бидат видливи за другите корисници на Instagram.

– Сакаме корисниците да се фокусираат на она што го делат, а не колку допаѓања ќе добијат или колку допаѓања има некоја објава, изјавија од Instagram.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП