14 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Хеа конечно се согласи да продолжи со Јунајтед

Де Хеа конечно се согласи да продолжи со Јунајтед

Давид де Хеа на крајот се согласил да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед за да остане во клубот уште неколку години, објавија англиските медиуми денес.

По прилично долги и тешки преговори, шпанскиот голман прифатил да го продолжи договорот за 4 + 1 година и да добива по 350.000 фунти неделно. Ова ќе се случи веднаш по враќањето од турнејата во Австралија и Кина.

Тоа значи дека ако го исполни времетраењето на договорот, тој ќе прибере цели 91 милиони фунти, што несомнено е сериозен поттик да продолжи да го носи дресот на тимот.

Во последните години Де Хеа беше предмет на интерес од други клубови, но ова лето за него немало никакви понуди, па тоа веројатно исто така одиграло улога во одлуката на 28-годишниот голман.

Иако имаше променливи игри на крајот на минатата сезона, голманот беше избиран за најдобар играч на Јунајтед во 4 од претходните 5 кампањи, затоа навивачите сигурно ќе бидат задоволни дека ќе остане на „Олд Трафорд“ уште долго време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП