17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ: Надал и Федерер се една од главните причини да продолжам да...

Ѓоковиќ: Надал и Федерер се една од главните причини да продолжам да играм

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата на „Вимблдон“ повторно посочи дека конкуренцијата со Рафаел Надал и Роџер Федерер му помага да се развива и да игра најдобар тенис.

Ноле во неделата спаси две меч топки и го победи Федерер во пет сета во историско финале, кое траеше 5 часа.

– Изгледа јас сум се поблиску до Рафа и Роџер, но и тие продолжуваат да освојуваат турнири. Ние се надополнуваме еден со друг, не престануваме да се развиваме и се уште да останеме во оваа игра. Овие две момчиња се една од главните причини поради кои досега играм на ова ниво. Фактот дека тие напишаа историја во тенисот исто ме мотивира, ме инспирира да се трудам да го повторам она што тие го имаат постигнато и дури и повеќе. Дали ќе го сторам тоа, не знам. И работата не е до возраста. Роџер ме инспирира со неговите достигнувања на 37 години. Се зависи од тоа колку долго ќе играм и дали ќе имам шанси, изјави Ѓоковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП