Консумирање само една третина газирани пијалоци го зголемува ризикот од рак, покажала новата студија, а и овошните сокови претставуваат ризик.
Експертите предупредуваат дека само 100 милилитри засладени пијалаци можат да го зголемат ризикот од болест за дури 18 проценти, а пакувањата обично се поголеми од 100 милилитри.
Овие пијалоци особено го зголемуваат ризикот од рак на дојка – за 22 проценти!
Тим од француски истражувачи верува дека шекерот во овие пијалаци го поттикнува телото да складира повеќе маснотии околу органите како што се црниот дроб и панкреасот, што го зголемува ризикот од рак.
Високата содржина на шекер и адитиви кои ги содржат најверојатно се виновни, покажало истражувањето.
Во една студија учествувале 101.257 возрасни, а нивната исхрана и конзумирање на овие пијалоци се надгледувани од страна на експерти за период од девет години.
Иако не може со сигурност да се тврди, резултатите од студијата укажуваат на тоа дека ограничувањето на внесот на засладени пијалаци може да придонесе за намалување на болеста од рак.
“Консумацијата на засладени пијалаци значително е поврзана со ризикот од рак”, истакнал водечкиот автор на студијата, д-р Бернард Сру од Францускиот национален институт за епидемиологија.