29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarks&Spencer најавуваат дополнително затворање на продавници

Marks&Spencer најавуваат дополнително затворање на продавници

Познатиот британски синџир на стоковни куќи Marks Spencer најавуваат дополнително затворање на нивни продавници.

Откако извршниот директор Стив Роу потврди дека оригиналниот план за затворање на 110 продавници нема да биде доволен за спасување на компанијата, Marks & Spencer се движи во понатамошно намалување.

Според The Independent, конечната бројка сеуште е непозната. Британскиот синџир досега најави планови за затворање на 85 стоковни куќи и 25 продавници Simply Food, намалување на трошоците за 350 милиони фунти за да се задржи чекорот со промените во навиките за купување на потрошувачите кои се повеќе се свртуваат кон онлајн продавниците.

Поради се полошите деловни резултати, компанијата забележа постојан пад на цените на акциите. Но, покрај тоа, втор пат по ред успеваат да избегнат напуштање од FTSE 100 индексот на сто најсилни компании на Лондонската берза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП