29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто смути е најдобра опција за доручек во текот на летото?

Зошто смути е најдобра опција за доручек во текот на летото?

Лесна подготовка

Наутро кога брзаме на работа и имаме уште неколку обврски покрај тоа, најбрзиот начин да подготвите оброк е сè да ставите во блендер и да измешате за неколку секунди. Звучи лесно, нели? Сакате уште побрза подготовка: подгответе сè една недела или две претходно, од комбинација на овошје и зеленчук до додатоци кои дополнително ќе го подобрат вкусот на смутито.

Освежува

Смути е како ладен густи сок, ќе ве освежи најмногу поради фактот што намирниците најчесто ги чуваме во фрижидерот, а покрај тоа нема да ви го преоптоварат стомакот.

Можете да го пиете било каде

Смутито е доволно да го префрлите во омиленото шише или шејкер и може да го носите апсолутно насекаде. Не стигнавте сè да испиете дома? Земете го смутито со вас.

Одлично е за метаболизмот

Смутито често се нарекува и супер храна задолжена за слабеење – кога паметно ќе ги поврзете состојките. Покрај тоа, поради користење на свежо овошје и зеленчук, внесувате доволна доза влакна која ќе ве држи сити до следниот оброк, што значи дека нема да имате желба за непотребни ужини, слатки и грицки. Покрај тоа, ако во миксот додадете ленено семе, спанаќ, чиа семе, кокосово масло, цимет, ѓумбир знајте дека наскоро ќе забележите помал стомак и подобар изглед.

Играјте со различни намирници и направете ги вашите комбинации кои ќе ги обожавате!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП