25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСолскјер кон Погба: Уште една сезона и те продаваме

Солскјер кон Погба: Уште една сезона и те продаваме

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер оствари средба со најскапиот трансфер во историјата на тимот, Пол Пол. На неа, тој му споделил последна понуда за неговата иднина – да остане и оваа сезона и следното лето да биде исполнета неговата желба да биде продаден, соопштува весникот „Сан“.

Французинот неколкупати најави дека е време за нов предизвик пред него, а при заминувањето за предсезонските подготовки со „црвените ѓаволи“ изгледаше видно несреќен. И токму тоа даде храна на гласините дека ќе биде продаден на Јувентус или Реал Мадрид, кои пројавуваат интерес кон него.

Но скандинавецот му предложил да одигра една последна сезона на „Олд Трафорд“, за да може да ја оправда високата цена. Тој побарал од него максимално залагање во претстојната кампања и потоа му гарантирал дека ќе биде продаден, на кој клуб и да сака самиот тој.

Двата клуба заинтересирани за неговиот потпис – Реал и Јуве – немаат буџет да потпишат со него ова лето. „Црвените ѓаволи“ бараат 140 милиони фунти за полудефанзивецот, а двата клуба веќе ги надминаа лимитите за потпис со нови играчи и токму тоа може да ја одложи за 12 месеци разврската околу трансферот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП