29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIBM патентираше паметен часовник кој може да се трансформира во таблет

IBM патентираше паметен часовник кој може да се трансформира во таблет

IBM со години не направил ниту еден уред за крајниот корисник (паметен часовник, телефон, таблет или компјутер), но тоа не го спречило да патентира идеја која може да се користи некогаш во иднина. Како и да е, оваа компанија веќе со децении важи за IT компанија со најголем број патенти. Една од нивните последни идеи е паметен часовник способен физички да се трансформира во телефон или таблет кој ќе се носи на рака. На денешното ниво на технолошки развој, таков производ не може да се направи, но кој знае, можеби еден ден ќе стане реалност.

Патентот се однесува на паметен часовник со екран без рамка, нешто поголем од моментално актуелните димензии на екран на сличните уреди. Разликата е во тоа што тој екран може на некој начин да се “мултиплицира” четири или осум пати, со што ефективно ќе ја зголеми неговата површина и резолуција. Во објаснувањето за овој концепт, IBM вели дека за зголемувањето на екранот се користи лизгач, а дека дополнителниот екран е “спакуван” под основниот.

Мислењето е дека ваквиот производ сигурно нема да го видиме на пазарот во наредните години, но ова не го спречува IBM да патентира дури и идеи кои денес може да се сметаат за глупави. Стратегијата на оваа компанија е да ги наградат вработените чии патенти ќе бидат прифатени, бидејќи на тој начин се создава основа за евентуално идно лиценцирање на патентираната технологија, како и за (сè поповолни) судски тужби за неовластена употреба на патенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП