2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМожна нова опција на Google Chrome, блокира реклами кои трошат премногу ресурси

Можна нова опција на Google Chrome, блокира реклами кои трошат премногу ресурси

Пребарувачот Google Chrome наскоро би можел да добие нова можност за блокирање на рекламни содржини со прекумерна употреба на ресурси.

Опцијата наводно се развива под името “Heavy Ad Intervention”, а засега е планирано блокирање на рекламна содржина која користи повеќе од четири мегабајти податоци и зафаќа процесорски ресурси за 60 или повеќе секунди.

На корисниците ќе им биде прикажано известување за отфрлената рекламна содржина со специјална опција “детали” каде што може да се дознаат повеќе податоци за отстранетата содржина.

Оваа информација произлегува од новиот “Chromium Commit” од страна на Google тимот кој го развива Chrome, што значи дека оваа опција може но и не мора да биде применета во крајната верзија на овој пребарувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП