27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоловина од продадените автомобили во Норвешка се електрични

Половина од продадените автомобили во Норвешка се електрични

Норвешка е прва во светот по бројот на продадени електрични возила – дури 48,4 проценти од сите нови автомобили продадени во првата половина од оваа година биле електрични.

Во текот на изминатата година, нивниот удел во продажбата изнесувал 31,2 проценти, покажуваат податоците на Норвешката сообраќајна асоцијација.

Со желба до средината на следната деценија да се престане со продажбата на дизелаши и бензинци, норвешките купувачи на батериски автомобили ги ослободува обврската од плаќање големи даноци, а тоа се и дополнителни бенефиции, како што е попуст при плаќање патарина.

Во Норвешка се многу популарни автомобилите Tesla, Nissan, Hyundai и BMW кои им нудат на купувачите електрични возила, а не хибриди со комбинација на електромотори и мотори со внатрешно согорување.

Најпопуларниот модел меѓу купувачите во Норвешка е Tesla Model 3.

Во јуни биле продадени 3.760 автомобили на Tesla, со удел во вкупната продажба од 24,5 проценти.

Во исто време, брендови кои во понудата немаат електрични возила, како Ford и Mercedes-Benz забележале пад во продажбата.

Меѓународната агенција за енергетика наведува дека уделот на Норвешка во глобалната продажба на електрични автомобили уште во 2017 година изнесувал 39 проценти.

На второ место бил Исланд со 12 проценти, а на трето Шведска со шест проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП