25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој спорт ќе ви помогне подолго да останете млади

Овој спорт ќе ви помогне подолго да останете млади

Една научно истражување покажало дека трчањето во текот на 30 до 40 минути, 5 дена во неделата, може да го успори стареењето на телесните клетки, а со самото тоа, и стареењето на целиот организам.

Имено, податоците добиени од 5.823 испитаници покажале дека биолошкиот век на луѓето кои се физички активни за 9 години се помлади отколку кај луѓето кои претежно се занимаваат со седечки активности. Тие исто така се 7 години помлади (кога станува збор за биолошката старост) од лица кои се умерено физички активни. Научниците оцениле дека триесетина минути трчање 5 пати неделно може да се смета за висок степен на физичка активност за жените, додека мажите, за да го успорат стареењето на организмот, би требало да трчаат 40 минути дневно, 5 пати неделно.

Ова не е прво истражување кое укажува на поволните здравствени ефекти на трчањето. Претходните студиите покажале дека трчањето помага во превенцијата на остеопороза, како и дека може да ги ублажи симптомите и честите напади на мигрена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП