23 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПоследното чудо на технологијата, израелците продале дрон за осум милиони долари

Последното чудо на технологијата, израелците продале дрон за осум милиони долари

Израелската компанија Aeronautics објави денеска дека потпишала договор вреден осум милиони долари за продажба на нејзиниот напреден дрон Orbiter 3 во една неименувана земја.

Како дел од договорот, како што навела компанијата, е и специјалниот авион за трнспорт на дронови како и техничка поддршка и одржување на дронови.

Тактичкиот дрон Orbiter 3 UAV е компактен лесен систем, со опсег од околу 150 километри.

Дронот може да остане во воздух до седум часа, а неговата цел е собирање на разузнавачките информации и следење, се наведува во соопштението на Aeronautics.

Дронот претставува целосно автономен систем кој може да се преклопи за неколку минути и кој се лансира со помош на катапулти, додека за слетување користи падобран и воздушни перничиња, се вели во соопштението на компанијата.

Jerusalem Post наведува, повикувајќи се на странски медиуми, дека Израел е водечки извозник на беспилотни летала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП