
Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси се пожали од терените во Бразил, кои му пречат да ги покаже квалитетите на Копа Америка.


Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси се пожали од терените во Бразил, кои му пречат да ги покаже квалитетите на Копа Америка.
Неколкупати порано, и селекторот Лионел Скалони зборуваше критично за состојбата на терените. Сепак, Аргентина ја порази Венецуела 2:0 и е веќе во полуфиналето, каде очекува судир со Бразил.
„Знам дека ова не е мојот најдобар турнир. Не сакам да звучи како оправдување, но ме чини големи напори да играм на вакви терени. Тие се во срамна состојба за вакво натпреварување. Нерамни, топката подрипнува и бега, има дупки…Се уште треба да се прилагодуваме, бидејќи сме професионалци, но е крајно тешко да се игра. Но, таква е ситуацијата и ние треба да се помириме. Играме се подобро и против Венецуела прогресот на ниво колективна игра беше видлив, пркоментира Меси по вчерашниот дуел.