1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразил на пенали преку Парагвај до полуфинале на Копа Америка

Бразил на пенали преку Парагвај до полуфинале на Копа Америка

Домаќинот на фудбалскиот Куп на Америка 2019, репрезентацијата на Бразил ќе игра во полуфиналето, откако по изведување пенали го победи Парагвај во четвртфиналната фаза.

На дуелот одигран ноќеска во Порто Алегре на Купот на Америка стрелците не беа многу расположени и по конечните 0:0 се пријде кон изведување пенали. Треба да се напомене моментот во 54.минута кога беше досуден пенал за Бразил, но по прегледувањето на снимката со помош на ВАР технологијата, судијата ја промени одлуката во корист на Парагвај и пеналот беше поништен.

По ударите од 11 метри „кариоките“ славеа со 4:3. Стрелци за Бразил беа Вилијан, Маркињос, Кутињо и Габриел Жезус, промаши Фирмињо. Трите гола за Парагвај ги постигнаа Алмирон, Валдез и Рохас, не реализираа Гомез и Гонзалес.

Противник на Бразилците во полуфиналето ќе им биде поуспешниот од вечерашниот натпревар меѓу Венецуела и Аргентина.

Другите две четвртфинални двојки се: Колумбија – Чиле и Уругвај – Перу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП