8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOppo ја претстави првата во свет камера под екранот (видео)

Oppo ја претстави првата во свет камера под екранот (видео)

Oppo на саемот MWC Шангај оваа недела ја демонстрираше неговата технологија на камера под екран. Компанијата исто така даде повеќе информации за тоа како функционира овој систем.

За да се осигура дека светлината доаѓа до камерата која е под самиот екран, Oppo користел прилагоден транспарентен материјал кој работи во тандем со редизајнираната структура на пикселите. Сензорот исто така има поголема резонанца во споредба со другите селфи камери. Местото на екранот каде што оди преку селфи камерата ја задржува контрола на допир, но сепак ќе има свој сет на проблеми.

Oppo признава дека оваа имплементација го намалува квалитетот на фотографиите, покрај тоа што предизвикува други проблеми како што се осветлување и магла. Oppo вели дека создал специјални алгоритми кои работат со хардверот за да се соочат со овие проблеми, додавајќи дека квалитетот на селфито со оваа камера ќе биде на ниво со мејнстрим паметните телефони. Од компанијата наведоа дека оваа технологија ќе биде испорачана на комерцијалниот телефон “во блиска иднина”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП