3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBuggy се поблиску до сериско производство

Buggy се поблиску до сериско производство

buggy

Концептот „Volkswagen Buggy“ пристигна во американската канцеларија за патенти пред неколку недели што укажува дека оваа компанија има во план и натаму да ја шири идеата за споменатиот модел.

Овој модел за прв пат беше споменат во сериозен контекст во март минатата година, пет месеци откако концептот беше виден на саемот за автомобили во Франкфурт.

Дизајнот на овој модел го разви Клаус Бишоф кој е раководител на дизајн-одделението при компанијата „VW“ како и Петер Воуда и Торбен Кох кои се стационирани во студиото на компанијата за напредни дизајни во Берлин.

„Buggy Up“ нуди јасни референци во однос на „buggy“ моделите за на плажа кои беа многу популарни во шеесетите години од минатиот век на плажите во Америка.

Сепак останува да се види дали германскиот автомобилски гигант сериозно ги разгледува можностите за започнување на сериско производство на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП