29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот 5G iPhone пристигнува во 2020 година

Првиот 5G iPhone пристигнува во 2020 година

Еден од најсигурните извори на информации за Apple уредите, познатиот аналитичар Минг-Чи Куо, тврди дека првиот 5G iPhone ќе се појави во 2020 година.

Веќе беше позната гласина дека Apple би можел да го понуди својот прв 5G телефон до 2020 година, но порано се сметаше дека тој би можел да користи радио чип на Intel, за подоцна да стане јасно дека тоа нема да се случи.

Apple, всушност се здружил со Qualcomm и така го принудил Intel да престане со производство на неговите 5G модеми.

Тоа има своја цена, па Apple се согласил да ги реши сите несогласувања и тужби против Qualcom, и да потроши најмалку 4,5 милиони долари за да обезбеди соработка со компании кои произведуваат чипови, а сето тоа за доброто на iPhone.

Куо тврди дека 5G iPhone е во план и дека помалиот 5,4-инчен и поголемиот 6,7-инчен iPhone, со поддршка за 5G мрежа ќе пристигнат во 2020 година. Тоа би можело да значи дека XS дополнително ќе се намали, а моделот Max дополнително ќе се зголеми.

Еден од трите модели на iPhone ќе биде поевтин – 6,1-инчниот наследник на iPhone XR, кој ќе остане на LTE поддршката. Ќе биде достапен во “живи” бои и ќе користи OLED екран, додека сегашниот XR користи поевтин LCD панел. Тоа значи дека секој модел на iPhone во 2020 година ќе има OLED екран.

Куо очекува сите модели до 2021 година да ја поддржат 5G мрежата. Apple има можност од Qualcomm да се пресели на сопствени модеми во 2022 или 2023 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП