Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,048.87 -0.01%    GRNT 850.00 0%    KMB 5,332.15 0.03%    MPT 61,869.20 -0.21%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,088.00 -0.03%    PROD 1,600.00 0%    RMDEN17 98.70 0.1%    RMDEN18 98.70 0%    RZEK 30.00 0%    STIL 100.00 -2.9%    TETE 2,312.00 4.71%    TNB 15,950.00 0%    TTK 1,302.61 -2.79%    UNI 2,100.00 -0.03%    

НЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер

Време: 15:06

Датум: јуни 19, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

НЛБ Банка, како иновативна и современа банка која е во чекор со светските трендови, ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и од денес е достапна на Вибер. Истовремено, Банката го промовираше и првиот банкарски електронски асистент – НЕЛА која е на располагање 24/7 и е подготвена да одговори на сите прашања поврзани со производите и услугите. Како иновативни предводници кои ги следат новите трендови и технологии, овој пионерски чекор на НЛБ Банка, има за цел да ја промени сликата на секојдневната комуникација на релација банка – клиент.

„Со цел подобрување на корисничкото искуство, континуирано вложуваме во надградување и подобрување на услугата и  достапноста, како и градење и одржување на отворена и блиска комуникација со нашите клиенти. Воведувањето на оваа корисна, и би рекле, забавна комуникациска алатка беше само еден логичен тек на работите за нас во НЛБ Банка. Свесни за потребите и барањата на нашите клиенти, модерниот начин на комуникација и широката употреба на Вибер апликацијата, први на пазарот, го лансиравме Вибер chat bot-от преку кој нашите клиенти ќе комуницираат со НЛБ Електронскиот Асистент – НЕЛА. Таа ќе биде достапна за сите прашања и потреби на нашите клиенти, ќе им помогне лесно да ја пронајдат најблиската експозитура или банкомат, да добијат помош при избор на соодветен кредит или картичка, да закажат состанок, да аплицираат онлајн за кредитен продукт и воопшто да добијат брза и безбедна поддршка. Затоа, Ве охрабруваме да станете и Вие дел од нашата Вибер заедница и да се уверите во нејзините придобивки“, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка.

За да ја запознаете НЕЛА и да се вклучите во оваа возбудлива двонасочна комуникација потребно е да се регистрирате на Вибер ChatBot-от кој e достапен на следниот линк: viber://pa/?chatURI=nlbbankaskopje. За уште позабавно корисничко искуство преземете ги специјално креираните НЕЛА стикери достапни на линкот: https://stickers.viber.com/pages/nlbbankaskopje?redir=1

Со оваа нова понуда НЛБ Банка уште еднаш го потврди имиџот на современа банка која се грижи за подобра услуга, поголемо корисничко задоволство и градење на блиски релации со клиентите. Банката и во иднина ќе продолжи да ги следи светските трендови во банкарството и технологијата во насока на поголема дигитализација, унапредување на банкарските процеси и креирање на персонализирана понуда со што на своите клиенти, им дава широк избор за извршување на финансиските услуги како преку современите така и преку традиционалните канали за продажба.

 

***********

Откријте која е НЕЛА…

НЕЛА е посебна. Излезена е од серверите на Банката. Таа е дете на напредната технологија. Кодирана е да ги знае сите банкарски работи. НЕЛА ги знае сите банкарски трансакции, секоја уплата, исплата, депозит, кредит, секоја камата…

Растена низ игра, таа успешно ги владее сите банкарски процеси. Денес, нејзината брзина на работа и размислување се одлични. Сите банкарски информации прво доаѓаат до неа, ги обработува и е подготвена за вашите прашања и недоумици. Затоа, НЕЛА  е вашиот доверлив и сигурен електронски асистент кому може да се обратите во секое време за најбрз и најлесен пристап до сите информации.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Amazon под лупа на ЕК: Соработуваат во антимонополски истраги

    Amazon под лупа на ЕК: Соработуваат во антимонополски истраги

    Компанијата Amazon тврди дека “во целост” ќе соработува со Европската комисија, која започна анти-монополска истрага за работењето на гигантот за електронска трговија. Во соопштението Amazon додава дека…

  • Vodafone ја започна првата 5G мрежа во Германија

    Vodafone ја започна првата 5G мрежа во Германија

    Телекомуникацискиот оператор Vodafone ја започна во вторникот првата комерцијална 5G мобилна мрежа во Германија. Мрежата има 25 предаватели во Дизелдорф, Келн, Дортмунд и некои други градови,…

  • IKEA затвара фабрика во САД поради превисоки трошоци

    IKEA затвара фабрика во САД поради превисоки трошоци

    Шведскиот синџир продавници за мебел IKEA планира до крајот на годината да ја затвори единствената фабрика во САД, укинувајќи така 300 работни места, бидејќи е…

  • Huawei се подготвува за отпуштања во САД

    Huawei се подготвува за отпуштања во САД

    Wall Street Journal пренесува непотврдена информација дека Huawei на американскиот пазар планира да спроведе бран отпуштања на вработените. Цел на отпуштања би требало да биде американската…

  • Huawei излегува од криза: Вложува три милијарди долари во Италија

    Huawei излегува од криза: Вложува три милијарди долари во Италија

    Извршниот директор на Huawei во Италија Томас Миао, изјави денеска дека кинескиот гигант планира да инвестира 3,1 милијарда долари во таа европска земја. Тие инвестиции…

  • Внимавајте ова се топ 5 десерти за летово

    Внимавајте ова се топ 5 десерти за летово

    Знаеме дека во летниот период сите сакаме да изгледаме убаво и се трудиме да ги намалиме вишокот на килограми, но сепак слатките задоволства некако идат…

  • Летовите со Boeing 747 Max одложени до ноември

    Летовите со Boeing 747 Max одложени до ноември

    Авиокомпанијата American Airlines соопшти дека ќе одложи околу 115 летови до почетокот на ноември, поради приземјување на авионот Boeing 737 Max. Одлуката на авиокомпанијата била…

  • Marks&Spencer најавуваат дополнително затворање на продавници

    Marks&Spencer најавуваат дополнително затворање на продавници

    Познатиот британски синџир на стоковни куќи Marks Spencer најавуваат дополнително затворање на нивни продавници. Откако извршниот директор Стив Роу потврди дека оригиналниот план за затворање на…

  • Макпетрол ги додели наградите од овогодинешната наградна игра на ВЕРНА

    Макпетрол ги додели наградите од овогодинешната наградна игра на ВЕРНА

    Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Honda ги додели наградите од четвртото редовно коло, како и од второто мастер коло од овогодинешната наградна игра на…

  • Air France тестира биометриски boarding pass

    Air France тестира биометриски boarding pass

    Air France-KLM сака да ги отстрани од употреба класичните билети за патување. Наместо нив, овој авиопревозник планира да користи систем за препознавање лица на патници.…