10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООхрид домаќин на Европски јуниорски куп во и Отворено национално првенство во...

Охрид домаќин на Европски јуниорски куп во и Отворено национално првенство во триатлон

На 6 и 7 јули покрај Билјанините извори во Охрид, Триатлон федерацијата на Македонија ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019.

Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан.

“Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нѐ измотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската зедница во нашата земја ќе се гордее”, велат организаторите.

Стартот и целта на натпреварите ќе биде на Buffalo Beach, во Билјанини извори. Сите заинтересирани триатлонци и спортски ентузијасти можат да се пријават најдоцна до 1 јули (23:59:59) на https://www.smartrace.club. За сите што ќе се регистрираат заклучно со 20 јуни, во стартниот пакет ќе има и маица.

Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.

На Отвореното национално триатлон првенство, натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраст:
*Сениори (1999 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
*Рекреативци (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

• 1.категорија – родени 2003-1990г.(29-годинии и помлади)
• 2.категорија – родени 1989-1980г.(30-39 години)
• 3.категорија – родени 1979-1970г.(40-49 години)
• 4.категорија – родени 1969г. (50+ години)

*Кадети (2004-2006): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање
*Деца 2 (2007-2010): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање
*Деца 1 (2011 и помали): 75м пливање, 2км велосипед, 0.5км трчање

Ви ја споделуваме и целосната програма на двата натпревари.

Програма

Сабота, 6.јули:
• 10:00-14:00 – Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa
• 13:00 – Запознавање со велосипедската патека
• 14:00 – Запознавање со пливачката патека
• 16:00-20:00 – Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa
• 17:00-17:45 – Брифинг за кадетската и детските трки
• 17:45-18:30 – Брифинг за јуниорската трка од ETU Triathlon Junior European cup конкуренција
• 18:30 -19:15- Брифинг за сениорската и трката за рекреативци

Недела, 7.јули:
• 08:00 – Старт : Сениори и Рекреативци
• 10:30 – Старт : Детски трки
• 11:45 – Старт : Кадети
• 14:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – женска конкренција
• 17:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – машка конкренција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП