28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКонкуренција на Visa и Mastercard: Европа формира платежна мрежа во кинески стил

Конкуренција на Visa и Mastercard: Европа формира платежна мрежа во кинески стил

Мобилните пари добиваат поттик во Европа. Новата иницијатива планира да направи шест регионални даватели на услуги поврзани со плаќања преку мобилен паричник компатибилен со сите други, создавајќи целокупна мрежа од 5 милиони корисници во 10 европски земји, од Финска до Португалија.

Растечкиот систем потенцијално би можел да претставува предизвик за картичниот дуопол Visa-Mastercard.

Особено, мобилните паричници – Bluecode, ePass, Момо Pocket, Pagaqui, Pivo и Vipps – работат со кинескиот fintech гигант Alipay, за да се развие обединетиот QR код, се наведува во соопштението објавено во вторникот.

Околу 190.000 трговци во Европа ги прифаќаат плаќањата од давателите на услуги преку мобилните паричници, а кинеските туристи кои го користат Alipay, исто така, би можеле да влезат во системот. Тие планираат да го користат форматот QR-код, кој го обезбедува кинеската компанија и со време ќе ја прошират соработката и во другите делови на Европа.

QR кодовите (скратено – “брз одговор”) добиле на популарност како начин да се извршуваат плаќањата во Кина, но тие на Запад поспоро се прифатени. Навиките на потрошувачите поспоро се менуваат, а веќе постоечката технологија на трансакции – од безконтактни во Велика Британија до провлекување во САД се вкоренети. Всушност, некои земји доживуваат нешто како златна ера за евтините плаќања со картичките.

Иницијативата со Alipay би можела да даде на QR кодовите брз почеток, меѓутоа, дозволувајќи им на компаниите за услуги на паметни паричници во Шпанија и Германија, на пример, да разговараат со сите други, вели Масуд Араи, потпретседател за плаќање во ePass.

Имено, мрежата ќе биде одвоена од банките, како и мрежите на Visa и Mastercard кои доминираат во дигиталните плаќања на Запад. Таа карактеристика би можела да биде привлечна за луѓето во нордиските земји, кои во голема мера се потпираат на дигиталните платни мрежи управувана од американските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП