18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРекламите како пропаст на Instagram платформата

Рекламите како пропаст на Instagram платформата

Тешко дека некој би помислил дека на некоја социјална платформа и се потребни повеќе реклами и инфлуенсери, но сепак Instagram објави нова алатка која треба да овозможи таквите содржини да го преплават искуството на корисниците. 

Имено, Instagram на 4 мај најави нов начин, каде огласувачите преку инфлуенсерите да стигнат до нивните целни групи. Понатаму се тврди дека таквите реклами преку news feed и Stories ќе дојдат до поголем број на корисници кои не го следат ниту оглааувачот ниту креаторите на рекламите, што се случувало и досега, само што спојувањето на инфлуенсери и присуство на платени содржини на брендови дополнително ќе се зголеми.

На овој начин, тврдат од компанијата, рекламите ќе бидат повеќе автентични, поквалитетни, а опцијата спаѓа меѓу оние реклами и компании кои се најмногу барани. Скептиците, од друга страна, тврдат дека ова е само еден чекор од пропаѓање на Instagram, бидејќи новото спојување на компанијата и инфлуенсерите со обичните корисници не само што значи повеќе реклами, туку тоа спонзорирано искуство ретко кој го интересира.

Се започнало во 2012 година кога Facebook го купил Instagram за една милијарда долари, а брзо потоа се слушнало дека платформата планира фото и видео реклами, а во таа прилика било ветено дека во прашање ќе биде мал број на високо квалитетни реклами. Проблемот е во тоа што Instagram е направен во формат, кој корисникот треба да го ослободи од токсичноста, дезинформациите и безмислената содржина која веќе порано ја преплавувале другите платформи. Вистина е дека совршена социјална мрежа не постои, и дека Instagram бил далеку од тоа и пред објавувањето на гжсупер реклами, но вистина е дека агресивните маркетинг стратегии може да ја уништат оазата која корисниците ја штителе од вревата на секојдневниот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП