3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈовиќ можел да биде играч на Атлетико за само 2,5 милиони евра

Јовиќ можел да биде играч на Атлетико за само 2,5 милиони евра

Најновото засилување на Реал Мадрид – Лука Јовиќ, веќе и официјално е дел од селекцијата на Зинедин Зидан. Србинот потпиша договор за 6 години, а Ајнтрахт го пуштија во шпанската престолнина за сериозни 60 милиони евра. И таа сума е 24 пати повисока од онаа, за која можеше да се најде во градскиот ривал – Атлетико.

Во информацијата на „AS“ од 2014 година се вели дека тогашниот млад играч на Црвена Ѕвезда го импресионирал серирозно извидништвото на тимот и се дошло дури до понуда во вредност од 2,5 милиони евра. Иако во тоа време „звездашите“ имаат сериозни финансиски проблеми, тие ги одбиваат „јорганџиите“ со надеж дека ќе добијат поголема компензација.

Следуваат сепак година и половина, во кои Јовиќ не бележи особен напредок, а понудата на Атлетико веќе не била на масата, кога од Црвена Ѕвезда се обиделе да го продадат.

Следува исклучително интересна подробност – се претпоставува дека Јовиќ преминал од Црвена Ѕвезда во Бенфика, но од „Фудбал Ликс“ објавуваат документи дека Аполон Лимасол го зеле напаѓачот за 2 милиони евра на 31-ви јануари, а ден подоцна е продаден на Бенфика скоро 3 пати повеќе од износот.

21-годишниот голгетер оваа сезона пак блесна во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, каде одигра 48 натпревари во кои постигна 27 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП