30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОвој авион би можел да го промени авиосообраќајот (видео)

Овој авион би можел да го промени авиосообраќајот (видео)

Холандската авиокомпанија KLM финансира проект кој би можел да ја промени формата и конфигурацијата на комерцијалните авиони. Импресивниот дизајн на новиот авион “Flying-V”, го има истиот дијаметар на крило како и постојните авиони. Има седишта за 314 патници.

Името го добил по ,,Gibson Flying-V” електрична гитара, која ја користеле легендарните гитаристи, од Еди Ван Хелен, преку Џими Хендрикс и Брајан Меј па до Кит Ричардс. Концептот на авионот го развиле научници на Технолошкиот универзитет Делфт во Холандија, а бил дизајниран во форма на латиничната буква V.

Авионот ќе троши 20 проценти помалку гориво од сегашните авиони, а во неговите крила ќе се сместуваат патниците, товар, гориво…
Предвидено е дека моторите ќе се наоѓаат во задниот дел, а дизајнот драстично ќе го намали отпорот на воздухот и емисијата на гасови.

Авионот по големина потсетува на моделите Airbus А 350 и Boing 787, а би можел да ги користи и постојните порти, хангари и писти. Широк е 65 метри, а долг е 55 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП