3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски: Респект за Полска и Австрија, но во Скопје паѓале и поголеми...

Ангеловски: Респект за Полска и Австрија, но во Скопје паѓале и поголеми репрезентации

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски е задоволен од досегашниот тек на подготовките за престојните квалификациски дуели со Полска и Австрија.

Сите повикани фудбалери, вклучувајќи ги Алиоски, Трајковски, Несторовски и Велковски кои имаа одредени проблеми со повреди, ќе тренираат максимално и ќе се се борат за место во тимот.

– Многупати досега сум потенцирал дека е задоволство да се работи со вакви фудбалери. Крај на сезона е, неколкумина повредени, сите на работ на исцеденост и дадоа сѐ за да бидат подготвени за Македонија. Тоа само покажува за какви фудбалери се работи. Тоа ја покажува љубовта кон дресот и кон Македонија. Целта ја остваривме за првиот дел од подготовките. Тие што имаа повреди ги ставивме на максимум и сега комплетирани може сите да тренираме. Со сиот респект кон Полска и кон Австрија, но во Скопје паѓале и поголеми репрезентации, изјави Ангеловски.

„Црвено-жолтите“ в петок (7 јуни) играат со Полска, три дена подоцна се среќаваат со Австрија. Двете средби ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП