2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул ги помина Баерн и Барселона по број на титули во ЛШ,...

Ливерпул ги помина Баерн и Барселона по број на титули во ЛШ, убедливо прв е Реал

Ливерпул со победата на Тотенхем во Мадрид со 2:0 го освои трофејот во фудбалската Лига на шампиони. За „црвените“ од Енфилд ова е шести трофеј во елитната лига.

Во минатото, Ливерпул го освои најважниот трофеј од клупскиот фудбал во Европа во 1977, 1978, 1981, 1984 и 2005 година.

По вечерашниот триумф, Ливерпул ги остави зад себе Барселона и Баерн Минхен кои имаат по пет трофеи.

Убедливо најтрофеен клуб во историјата на најсилното континентално фудбалско натпреварување е Реал Мадрид со 13 шампионски наслови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП