13 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕлектричните автомобили ќе бидат поевтини од бензинците и дизелите до 2025 година

Електричните автомобили ќе бидат поевтини од бензинците и дизелите до 2025 година

Повеќе од половина од светската продажба на нови патнички автомобили до 2040 година ќе биде на автомобили на струја, проценува Bloomberg New Energy Finance (BNEF).

Како што наведува истиот извор, можно е глобалната продажба на автомобили со конвенционални мотори (бензинци и дизели) веќе да го достигна нејзиниот врв и дека никогаш нема да биде повисока отколку што е сега.

Исклучително брзиот развој на електрични автомобили ќе овозможи нивната цена да се изедначи со цената на соодветни патнички автомобили кои се со бензински или дизел мотор.

Автомобилите на струја веќе значително се поевтини кога станува збор за трошоците за експлоатација, па во блиска иднина тие ќе станат логичен избор на купувачите кога станува збор за економичноста (куповна цена на возилото + трошоците за одржување), наведува BNEF.

Се проценува дека во следните 20 години глобалната продажба на електрични автомобили ќе порасне од 2 милиони колку што се испорачани во 2018 година во целиот свет, на дури 56 милиони во 2040 година.

Аналитичарите предвидуваат дека во истиот период светската продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување (SUS) ќе падне од 85 милиони (2018) до само 42 милиони (2040).

Еден од најважните фактори кои ќе влијаат на автомобилите на струја да станат попристапни отколку денес, е проектираниот пад на цените на батериите, кои значително влијаат на формирање на малопродажната цена на елетричните автомобили.

BNEF наведува дека до средината на следната деценија (околу 2025), електричните автомобили ќе станат поевтини од соодветните возила со SUS мотори.

Според истиот извор, компаниите кои се занимаваат со бизнисот “car charging” брзо ќе се префрлат на електрични автомобили од приватните клиенти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП