13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛаптоп кој во себе крие 6 најопасни вируси е продаден за 1,34...

Лаптоп кој во себе крие 6 најопасни вируси е продаден за 1,34 милиони долари!

Стар лаптоп со шест информатички вируси кои се сметаат за најопасни во информацискиот свет и симболизира опасност на интернет, бил продаден оваа недела на аукција за 1,34 милиони долари.

Компјутерот Netbook Samsung NC10 од 2008 година, кој го има системот Windows XP SP3, не би бил по ништо посебен да не ги носи вирусите ILOVEYOU, MyDoom, SoBig, DarkTequila, BlackEnergy и Wannacry.

Тие вируси предизвикале најмалку 95 милијарди долари штета во две децении бидејќи компаниите не биле подготвени за нападите кои претходно не ги доживеале, изјавил Гуо О Донг, создавачот на тоа уметничко дело под името “Упорност на хаосот”.

Тој се претставува како современ дигитален уметник чии дела ја критикуваат “екстремната онлајн култура”.

Компјутерот за време на аукцијата се наоѓаше во Њујорк, а може да се види преку live stream вклучен, но не е поврзан на интернет.

Ќе биде доставен на клиентот кој морал да се обврзе дека нема да го спојува на интернет за да не се шират вируси.

Аукцијата била организирана во партнерство со компанијата за информатичка сигурност DeepInstinct.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП