28 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПреполовено производството на автомобили во Британија

Преполовено производството на автомобили во Британија

Производството на автомобили во Велика Британија во април било речиси преполовено, бидејќи фабриките се обидувале да се справат со неизвесните последици од Брегзит.

Иако Европската унија во средината на април и одобрила на владата на Велика Британија одложување на Брегзит до крајот на октомври, производителите претходно ги прекинаа операциите поради што производството паднало за 44,5 проценти во тој месец, пренесува CNBC.

Британската асоцијација на производители и трговци на моторни возила (СММТ) соопштила дека само 70.971 автомобили ”се симнале” од производните линии минатиот месец, што е речиси 57.000 возила помалку отколку во април минатата година.

Април бил 11-ти последователен месец на падот на производството на автомобили во Велика Британија.

Производителите на автомобили Jaguar Land Rover, BMW Mini, Honda и Vauxhall, во сопственост на Peugeot, биле меѓу компаниите кои во април ги затвориле погоните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП